По заминувањето на Роман Абрамович и доаѓањето на чело на клубот на Тод Боли, се случува вистински егзодус во Челзи. Речиси сите досегашни раководни лица на „сините“ си заминаа од клубот. Прв тоа го направи Брус Бак, претседателот на Челзи, потоа фамозната директорка Марина Грановскаја, а најново е тоа што си замина и легендарниот некогашен голман Петр Чех, кој пак во последно време беше советник на клубот.
Имено, како што самиот истакнал, причината за неговото заминување е дека Челзи му дозволи враќање на Ромелу Лукаку во Интер.