ЕХФ денеска и официјално ги објави учесниците на Лигата на Шампионите за следната сезона. Покрај стандардните екипи, познати се и оние кои преку „вајлд – карта“ ќе бидат дел од најјелитното ракометно натпреварување на светот.
Тоа се ППД Загреб, Алборг, Нант, Веспрем, Елверум, Висла Плок и Целје. Ова се екипите кои ќе им се приклучат ГОГ Гудме, Барселона, Пари Сен Жермен, Магдебург, Кил, Пик Сегед, Киелце, Порто и Динамо Букурешт кои беа веќе дел од ЛШ.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите е закажана за први јули и тогаш ќе се знае конечниот распоред.