По победата на првиот меч пред три дена во Скопје, денеска нашата женска сениорска фудбалска репрезентација беше убедливо поразена во втората контрола против Косово со 4:0.
Мечот се одигра во Приштина како возвратна пријателска средба, по оној дуел во Скопје во кој славевме со 3:1.
Косоварките поведоа со гол во третата минута, а во второто полувреме постигнаа уште три за конечни 4:0.