ЛАЗАРОВ: УШТЕ НЕМАМ ПОЧУВСТВУВАНО ДЕКА ЗАВРШИВ СО КАРИЕРАТА

121

На почетокот на месецов, ракометна Европа се крена на нозе за да му го даде последниот аплауз на неповторливиот Кире Лазаров, како активен играч. Со полни 42 години ја заврши својата играчка кариера, која траеше две и пол децении, но сè уште ќе биде присутен, сега покрај теренот, влечејќи го и понатаму македонскиот ракомет каде што припаѓа – во европската елита. Како наш бренд амбасадор, Видеолотарија Касинос Австрија секогаш го следи во сите негови подвизи и се радува со сите негови успеси, така ќе остане и сега, откако го соблече дресот за последен пат.

Откако го одигра прошталниот натпревар со својот Нант, Кире немаше многу време за одмор, бидејќи веднаш почнаа обврските со македонската репрезентација. Вели дека емоциите од спектакуларното испраќање кое му го приредија во Франција и воопшто од крајот на кариерата како ракометар, допрва ќе проработат.

„Сè уште немам почувствувано дека завршив со мојата играчка кариера. Можеби затоа што веднаш продолжив со работа со нашата медитеранска селекција, па немаше време вистински да спласнат емоциите. Мислам дека тоа ќе се случи некаде на почетокот на август, кога сите тимови ќе почнат со подготовките за новата сезона, а јас нема да треба да се појавам никаде како играч“, вели Лазаров.

No description available.

Тој и досега, кога имаше двојна функција, одлично се адаптира на тренерската работа, а сега со целосна посвета како селектор – небото е граница. Можеби ќе му недостига адреналинот кој го носат случувањата внатре на теренот, но тоа ќе му даде повеќе време за подготовка на натпреварите.

„Ќе имам многу повеќе време и концентрација да се посветам на тренерската работа. Не беше воопшто лесно да се има двојна улога и големи очекувања од најдобриот национален тим од осамостојувањето на нашата држава. За наша среќа, тоа беше успешна приказна каде што успеавме да обезбедиме учества на големи натпреварувања, ЕП во Унгарија/Словачка и СП во Шведска/Полска. Полека и безболно правиме комплетно нова генерација. Очекувам пласман на следното ЕП во Германија во 2024 година. Иако имаше големи сомнежи дека македонската национална селекција нема да биде присутна на големите собири, со посветена и квалитетна работа не дозволивме тоа да се случи“, поентира нашиот селектор.

Веќе течат тренинзите за следниот предизвик на Македонија, Медитеранските игри во Оран, Алжир, од 25 јуни до 5 јули. Лазаров ќе поведе една подмладена и комбинирана селекција, но и во таков состав Македонија ќе се надигрува во група со Шпанија, Турција, Грција и со Алжир и ќе покаже дека нашата ракометна иднина е светла.

„Одиме со подмладена репрезентација, во која просекот ќе биде некаде околу 20-21 година. Ќе биде одлична шанса за квалитетни натпревари, преку кои ќе се обидеме да добиеме играчи за А-тимот, на кој му претстојат квалификации а ЕП 2024 во Германија и СП во јануари 2023. Голем дел од репрезентациите присутни на Медитеранските игри доаѓаат со комплетни состави, така што ќе имаме вистинска можност да ги видиме квалитетите на вакви натпревари на нашите млади момчиња. Во секој случај, значаен настан, со цел создавање млади играчи, кои ќе бидат иднината на македонскиот ракомет“, истакна Лазаров.

Натпреварите почнуваат денеска, против Грција, а Видеолотарија Касинос Австрија им посакува одличен настап на нашите ракометари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

ПретходноБарселона ќе игра со златни дресови
СледноМИ 2022: Фантастичниот Нуров со три победи е во полуфинале и борба за медал