Шпанија е првиот противник за Македонија во јулскиот прозорец натпревари од квалификациите за СП 2023.
Серџо Скариоло, шпанскиот селектор, од своите играчи тој очекува да одговорат на трите интересни предизвици наредниот месец.
„Нè очекуваат три доста интересни и тешки натпревари. Како и секогаш, имаме многу интересен спој на талентирани и етаблирани играчи кои веќе придонеле многу за националниот тим. Од нив очекувам одговор на следните натпревари. Тие ќе ми дадат одговор кои од нив ќе помогнат во подготовките за Европското првенство оваа година“ – вели Скариоло, пред јулскиот ФИБА „прозорец“.
Нашите кошаркари гостуваат во Сарагоса на првиот ден од месецот јули, а три дена подоцна на домашен терен во Скопје ја пречекуваме репрезентацијата на Украина.