Не им оди на македонските каратисти на медитеранските игри во коис е одржуваат во Оран, Алжир. По поразите на Петар и Симона Заборски, ниту Петар Спасеновски не успеа да го мине првото коло и загуби од претставникот на Мароко, Еч Чаби со конечен резултат 0:8 на поени.
Спасеновски очигледно не успеа да ја пренесе добрата форма од Европското првенство во Турција од пред дваесетина дена каде што освои бронзен медал и овој резултат секако дека е под неговите реални можности.