Садио Мане минатата недела потпиша за Баерн Минхен. Германскиот првак на Ливерпул му плати 32 милиони евра, плус уште девет милиони евра за можни бонуси.
Сенегалскиот офанзивец изненади со изборот на бројот на дресот што ќе го носи во Минхен. Се одлучи за 17, број кој го нема носено во својата кариера. Во Ливерпул ја имаше 10-та, во Салцбург 21, додека на почетокот на својата кариера го носеше дресот со број 33.
Sadio #Mané beim #FCBayern mit Rückennummer 1️⃣7️⃣.
🔗 https://t.co/j4VL4hqRo5#ServusMané #MiaSanMia
— FC Bayern München (@FCBayern) June 26, 2022