Алиоски и Ал Ахли испаднаа од Премиер лигата на С. Арабија

594

Екипата на Ал Ахли во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, одигра нерешено 0:0 во последниот сезонски натпревар против Ал Шабаб во саудиската Премиер лига и не успеа да дојде до потребната победа за да избори опстанок во елитата.

Ал Ахли ја завршува сезоната на претпоследното 15. место со 32 бода, еден помалку од екипата на Ал Фаисали која остана над „цртата“ и следната сезона повторно ќе игра во елитното друштво. Алиоски сезонава одигра 28 меча за Ал Ахли и постигна 6 гола.

Нашиот втор интернационалец во лигата, Александар Трајковски, денеска не беше во составот на Ал Феиха, која загуби дома од Ал етифаг со 1:0, но остана во „златната средина“ на табелата. Трајковски запиша 9 настапи за тимот со еден постигнат гол.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноШампион со Рома стана градоначалник на Верона
СледноТотенхем паралелно преговара со двајца фудбалери на Евертон