Тимот на Барселона ја претстави гостинската гарнитура на дресови и шорцеви со кои ќе настапуваат во следната сезона. Истата има неконвенционална боја, барем кога е Барселона во прашање, и е комплетно златна а само на крајот од ракавите има комбинација од тенки линии во боја, кои се пет на број и ги симболизираат олимписките кругови.
Инспоирација за ова се Олимписките игри во Барселона, односно триесет години од нивното одржување во 1992 година. Токму поради оваа причина е избрана бојата што треба да го симболизира олимпиското злато. Во основата на маиците, како позадина, е интегрирана мапа на градот, каде што може да се најдат симболични места за Барселона.
Inspired by Barcelona ’92. A kit for a golden age. pic.twitter.com/yzTOGpumsM
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 27, 2022