Битолчани со една цел ги почнаа подготовките – враќање во елитата

1048

Денес во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ започнаа подготовките на фудбалерите на Пелистер за престојната сезона во која битолскиот клуб ќе се натпреварува во Втората лига.

Првата прозивка ја одржапредводникот на тимот Марјан Секуловски, а на истата се појавија сите фудбалери на кои ќе смета следната сезона. Пред фудбалерите се обратил и спортскиот директор на клубот, Ванчо Мицевски.

Тој им посака успешна сезеона во име на Управата на клубот, потенцирајќи дека новата сезона Пелистер ја почнува со една цел, а тоа е враќање во Првата лига.

Засега се уште не е комплетиран целиот ростер на тимот за новата сезона, со оглед на тоа што управата работи на доведување и на уште неколку нови имиња. „Зелено-белите“ од 16 јули почнуваат со контролни натпревари.

извор: bitolanews.mk

ПретходноБабунски со Победа ги почна подготовките за кам-бекот во ПМФЛ
СледноБрегалница донесе црногорски голман