Вардар добил празно ветување од 2,5 милиони евра од поранешниот премиер на Македонија!

3841

Екипата на Вардар 1961, една од причините поради која ракометот во Македонија (покрај репрезентацијата) стана број еден спорт ги живее најтешките денови. Актуелниот македонски првак е исклучен од Лигата на шампионите, а како главна причина за ова се старите долгови, така се вели во известувањето на ЕХФ.

Пред денешната прес-конференција на првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, со писмо се обрати и претходното раководство. После освојувањето на втората европска титула во 2019 година, тогашниот премиер Зоран Заев им ветил финансиска помош од 2,5 милиони евра за да се задржи истата екипа и Вардар да продолжи на истото ниво.

Но, за жал тоа никогаш не се реализирало. Единствена награда која клубот ја добил за европската титула е од Градот Скопје, 500.000 евра, сума која не била доволна за да се исплатат ниту бонусите и наградите за играчите.

При превземањето на клубот од страна Михајловски во правна постапка согласно законите АД РК Вардар 1961 стана правен следбеник каде го наследи спортскиот континуитет, но не и обврските на АД РК Вардар.

Иако Самсоненко останал доследен на ветувањата и успеал во време на пандемија да ја даде потребната сума, а истовремено нема тужба од ниту еден играч, сепак од ЕХФ дојде лошата вест за елиминација на „црвено-црните“.

По извршената уплата од 500.000,00 евра согласно условот од минатата година депозитот од 300.000,00 евра требало веднаш да биде ослободен за комплетна исплата кон играчите за кои ЕХФ доби прецизен список со имиња, но за жал тоа до денеска не се случило, овој износ е на сметката на ЕХФ, како и одреден износ кој сеуште не е исплатен за минатите сезони.

Веќе постои сомневање дека исклучувањето на Вардар е тендециозно, за да може екипи како Алборг кои не го освоија домашното првенство а ги добија во состав играчите како Микел Хансен.

ПретходноШок за Црвена Звезда: Евролигаш го краде Радоњиќ
СледноНиколов: Мотивот не е загубен, знаеме што значи да се игра за Македонија!