Втор пораз на младинците на контролите со Црна Гора

160

Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз го заврши своето мини-гостување во Подгорица.

На втората проверка избраниот тим на селекторот Никола Василев прикажа добра игра, особено тоа се однесува на второто полувреме. Но не доволно за да се дојде до краен успех на втората „контрола“ (75:80). Црногорците беа подобри во првото полувреме во кое изградија двоцифрена предност по 20.минути од играта беше (43:31).

Најголем дел во првата четвртина, најлошата за нашата селекција во Подогорица, во која влеговме во висока негатива (12:24), која и покрај сите вложени напори, нашите млади кошаркари не успеаа да ја стигнат. Особено добро нашата селекција одигра во последната четвртина во која се „симна“ на само два поседи негатива. Но домаќинот успеа да се одбрани од тие наши напади, и стигна и до втората победа во овој двомеч во Подгорица.

Селекторот Василев им даде шанса на 13.кошаркари. Поентерски, со 18.поени се издвои Андреј Митревски (4/6 за три поени), а одлични 11.минути, заокружени со 14. реализации имаше Василевски (3/3 во шутот за три поени).

Андоноски постигна 8, Данаиловски 7, по шест запишаа Наков, Миловановиќ и Хот, Савиќевиќ 4, додека по три поени останаа впишани зад името на Златев односно Петков.

ПретходноБрегалница донесе црногорски голман
СледноСилекс и Филип Стојчевски ја продолжија соработката