Кристијано Роналдо одново е во центарот на вниманието во светската фудбалска јавност. Сите сакаат да знаат каде еден од најдобрите фудбалери во историјата ќе ја продолжи својата кариера. Дали во Манчестер Јунајтед каде што е сега, Челзи или Рома. Останува да се види.
Сепак, баре засега, се знае дека тој нема да оди во САД и да игра во МЛС.
Имено денеска медиумите на Островот јавуваат дека Португалецот имал понуда од Дејвид Бека, првиот човек на Интер Мајами, за да дојде во неговиот клуб.
Но, Роналдо ја одбил и рекол дека сака да остане во Европа.
Најголеми се шансите тој да остане во Јунајтед, се шпекулира дека него му е понудена и капитенската лента од страна на Ерик Тен Хаг, новиот стратег на клубот од „Олд Трафорд“.