Македонија Ѓорче Петров го засилува нападот со Емир Скендери, кој доаѓа од редовите на Струга Трим Лум. Претходно Скендери играше за Академија Пандев, а беше на позајмици во Кожуф и во Тиквеш.
Македонија ЃП претходно ги потпиша Џон Еду Мена Перез, Фисник Зука, Александар Ѓорѓиески, Бојан Илиевски, Христијан Пецов, а договорите ги продолжија Стојкоски, Адем, Попзлатанов, Личина, Тасев и Лазаревиќ.