Македонската ракометна машка репрезентација денеска го игра првиот натпревар на Медитеранските Игри. Прв противник на селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници е Грција, дуелот е закажан со почеток во 20 часот по македонско време.
Лазаров во Оран на располагање го нема посакуваниот состав, пред самото заминување остана без неколку ракометари. Откажаа Томовски и Мишевски, Кузманоски и Лазаревски се повредија, додека пак Поповски поради приватни обврски мораше да остане во Македонија.
По едно вакво сценарио, МИ ќе биде шанса за младите ракометари да соберат искуство, но и да го убедат Лазаров дека заслужуваат место во најдобриот национален тим.
Македонија е во група уште со селекциите на Шпанија, Турција и Алжир.
СОСТАВ МАКЕДОНИЈА
Марко Кизиќ
Васил Гогов
Павле Атанасијевиќ
Петар Атанасијевиќ
Игор Ѓоргиев
Иван Џонов
Томислав Јагуриноски
Ненад Костески
Костадин Петров
Марко Митев
Михајло Младеновиќ
Мартин Серафимов
Кристијан Симоноски
Марко Стојковиќ
Михаил Ивановски
Александар Петковски