Луис Суарез потпишува за Ривер Плата

121

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез дефинитивно го напушта Атлетико Мадрид, а неговата идна дестинација е Аргентина со тоа што ќе стане играч на великан на тамошниот фудбал. 35-годишниот напаѓач ќе потпише двегодишен договор со Ривер Плата.
Неговиот договор со Атлетико истекува на крајот на јуни и од идната недела како слободен фудбалер ќе се пресели во Ривер и ќе го засили тимот на Марсело Гаљардо во битките во локалниот шампионат како и во Копа Либертадорес.
Уругваецот ја напушта Европа по 15 години, а освен во Атлетико играше и во Ливерпул, Ајакс и Гронинген. Пред да дојде на европскиот континент играше за уругвајскиот Национал од Монтевидео.

 

ПретходноЃоковиќ се намачи но победи против Јужнокореецот Квон
СледноЃуроски: Најважен ќе биде дуелот со Украина, за Шпанија не треба да трошиме зборови!