Лукас Леива се врати во матичниот клуб

199

Дефанзивниот играч за врска Лукас Леива се врати во Бразил по 15 години играње во Европа и одлучи да го носи дресот на својот матичен клуб Гремио. Леива ја почна кариерата во Гремио, играше за младинските категории, а потоа од 2005 до 2007 година беше член на А тимот со кого стана два пати беше шампион на државата Рио Гранде ди Сул и финалист во Копа Либертадорес.
Потоа премина во Ливерпул каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата, а од таму во Лацио каде што играше до крајот на оваа сезона.
Сега како слободен фудбалер се сели во Гремио со кого потпиша договор до декември 2023 година и се чини дека тука ќе ја заврши кариерата.

ПретходноПОБЕДА НА СТАРТОТ: „Децата“ на Лазаров ја демолираа Грција
СледноОлимписката медалистка од Пекинг доби 11 годишна суспензија поради допинг