Тотенхем е во активни преговори со Евертон за потенцијални трансфери на Ришарлисон и Ентони Гордон, објавуваат англиските медиуми.
Спарс веќе реализираа три засилувања овој преоден рок, но сакаат да донесат дополнителни пред нивното враќање во Лигата на шампионите. Ришарлисон не е тајна дека е голема желба на Конте и тој секако останува нивна приоритетна цел во овој трансфер прозорец.
Разговорите меѓу двата клуба се во тек и Тотенхем моментално води во трката за неговиот потпис. Составот од северен Лондон, исто така, преговара и за 21-годишниот крилен напаѓач Гордон, кој имаше импресивна сезона во дресот на „карамелите“.