Шампион со Рома стана градоначалник на Верона

387

Поранешниот италијански репрезентативец Дамиано Томази е избран за градоначалник на Верона. На изборите 43-годишниот екс-играч на Рома доби 54,4% од гласовите, а досегашниот грдоначалник Федерико Сбоарина освои 46,6%.
Томази кој во 2001 година со Рома ја освои шампионската титула во Серија А, беше независен кандидат, но потоа доби поддршка од неколку други партии и успеа да стане градоначалник.
Инаку ова не е прва арминистративна работа за поранешниот халф. Во перидот од 2011 до 2018 година тој беше претседател на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија.
Инаку тој е роден во регионот Верона и во локалниот клуб ја почнува фудбалската кариера. Играше 10 години за Рома, а во последните години од кариерата играше за Леванте, КПР, кинески Тјанџин и Ла Фиорита од Сан Марино. Во 2019 година официјално стави крај на фудбалската кариера.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Герет Бејл е нов фудбалер на Лос Анџелес
СледноАлиоски и Ал Ахли испаднаа од Премиер лигата на С. Арабија