Дознаваме: Гостивар на местото на Ренова ќе игра во ПМФЛ…Вардар (Н) во ВМФЛ!

7418

Како што дознаваме, има договор меѓу Ренова и Гостивар и тоа на состанокот кој се одржал денеска меѓу претставниците на двата клуба. А се знае и зошто.

Имено договорено е Гостивар место Ренова во следната 2022/23 сезона да игра во елитната лига на Македонија, во ПМФЛ. Додека Ренова пак и целосно ќе се распушти како клуб, евентуално може да постои како академија, но затоа допрва ќе се види.

Важно е што „гипсарите“ по цели 17 сезони успешно настапувајќи во елитата, сега самите решаваат дека е доста.

Гостивар ќе игра во ПМФЛ, клуб кој ова лето и тоа како се засили, има пари, има амбиции, а за менување на местата, барем она што го дознаваме нема да има проблеми. Мислиме тука на сите процедури. Барем во тоа се уверени од Гостивар кои допрва ќе ја објават оваа информација.

Според прописите на ФФМ ова е единствено валидно зошто и Гостивар и Ренова се од исти ОФС, така да не би требало да има никакви проблеми околу тоа Гостивар на местото на Ренова да игра во ПМФЛ.

Што се однесува пак до ВМФЛ, дознаваме дека местото на Гостивар ќе го заземе тимот на Вардар Неготино, со оглед на тоа дека Овче Поле не сакал да игра евентуален бараж за пласман во ВМФЛ.

ПретходноЈувентус: Де Лихт во Челзи? Може…ама за 70 милиони евра плус Тимо Вернер!
СледноЃоковиќ се намачи но победи против Јужнокореецот Квон