Уште еден македонски борач утре ќе има шанса да се избори за медал на Медитеранските Игри во алжирскиот град Оран. Владимир Егоров кој денеска несреќно загуби во четвртфиналето во категоријата до 65 килограми од Египќанецот Хафез, само поради тоа што египетскиот борач успеа да дојде до финалната борба успеа да добие репасаж за медал.
Егоров утре од 19:20 часот против Алжирецот Абделхак Хербаче ќе се бори за бронза. Интересно е што Хербаче загуби од Хафез во полуфиналната битка.