Македонскиот борач Магомедгаджи Нуров се пласира во финалето на боречкиот турнир на Медитеранските игри во Оран и сигурно ќе освои медал, само останува прашање со каков сјај.
Во полуфиналето до 97 кг слободен стил, Нуров го совлада Мустафа Елдерс од Египет со 6-1, па така македонскиот борач за златото ќе се бори со турскиот борач Фејзулах Актурк кој во полуфиналето го совлада Мохамед Садауи од Тунис со 10-2.
Финалето е закажано за утре (28 јуни) од 19:30 часот.
Нашиот борач претходно оствари три победи против своите противници од Тунис, Алжир и Шпанија.