Иако имаше многу проблеми, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи во 1. коло на Вимблдон и тоа над Сонвом Квон од Јужна Кореја со 3:1 (6:3, 3:6, 6:3 и 6:4). На најдобриот српски тенисер му требаше време да влезе во ритам, затоа што го играше првиот официјален меч на трева оваа сезона меѓутоа не дозволи да биде изненаден на стартот на престижниот Гренд слем турнир.
Квон се покажа како тврд орев, но недоволно искусен и силен за да го турне поранешниот светски тенисер број 1. Во второто коло Новак го очекува победникот од дуелот Танаси Кокинакис и Камил Мајчак кој беше прекинат во првиот сет поради дожд.