МИ 2022: Нуров во последните 15 секунди донесе злато за Македонија! (ВИДЕО)

4961

Магомегаџи Нуров освои златен медал за Македонија на Медитеранските Игри во Оран, Алжир. Во исклучително тешка битка со турскиот борач Фејзулах Актур, Нуров успеа со пресврт во последните 15 секунди од дуелот да дојде до потребните два бода за победа.

Турчинот Актур подобро го отвори финалето и во првиот период веќе успеа да направи солидна предност од 3:0. Нуров успеа да освои два поена на самиот почеток на вториот период и да намали на 3:2.

Во финишот Актур ја задржа предоста, но Нуров тргна на се или ништо и во последните 15 секунди успеа да стигне зад грбот на Турчинот и да ги освои двата бода за конечни 4:3.

ПретходноВладимир Егоров го развиори македонското знаме (ФОТО-ВЕСТ)
СледноТијаго Мота не e повеќе тренер на Специја