Надал се намачи, но тргна со победа на Вимблдон

133

Рафаел Надал ја мина првата пречка на Вимблдон, но потешко од очекувањата, го совлада Аргентинецот Черундоло со 3-1 во сетови (4-6, 3-6, 6-3, 4-6).

Шпанецот одлично влезе на дуелот, ги доби првата два сета, направи брејк во третиот, но следеше целосен пресврт. Черундоло го доби третиот сет со 3-6, добро го почна и четвртиот, не искористи три брејк шанси, по што Надал казни, успеа да дојде до 6-4 и до триумфот.

Шпанецот во второто коло ќе игра со Ричардас Берански, кој го победи Сем Квери со 3-0 во сетови.

Кај дамите Петра Квитова славеше со 2-1 над Италијанката Паолини, додека Халеп рутински ја доби пресметката со Мучова со 6-3, 6-2.

ПретходноБајиќ ги одбра 12-те патници за Шпанија!
СледноВладимир Егоров го развиори македонското знаме (ФОТО-ВЕСТ)