Неверојатно: Ѓоковиќ би можел да биде исфрлен од Вимблдон!

873

Катастрофално лоши вести за Новак Ѓоковиќ. Имено како што се шпекулира тој би можел да биде исфрлен од Вимблдон, од турнирот кој е во тек и на кој Србинот вчера ја мина првата пречка.

И за тоа е „виновен“ Марин Чилиќ, хрватскиот тенисер кој беше позитивен на тестот на Ковид-19 и е отстранет од самиот турнир, но лошо за Новак е тоа што тој имал контакт со Хрватот во изминатите неколку денови.

Сепак оваа вест по малку наликува и на сензација, но секако дека останува да се види што понатаму.

Инаку Новак, со оглед на тоа не сака да се вакцинира, изгледа дека ќе мора да почека, после Вимблдон, дури една година на играње на нов Грен Слем турнир, и тоа на Ролан Гарос 2023 година.

Ова секако дека се катастрофални вести, но јасно е дека самиот си е виновен за тоа дека не може да игра на УС Опен а потоа и на Австралија Опен.

Ако се вакцинираше сега се ќе беше во ред и веројатно ќе имаше повеќе гренслем титули од Рафа Надал.

ПретходноАлиоски меѓу најдобрите во Саудиска Арабија
СледноДимитријевиќ останува во Валенсија!