Алчноста е страшна: Покетино бара ПСЖ да му исплати бонуси за следната сезона!

447

Колку треба да си алчен за да бараш да ти се исплати нешто што не си го заработил а притоа да имаш милиони и милиони. И да заработуваш 15 милиони евра годишно.

Па така и случајот со Маурицио Покетино. Имено јасно му е на овој АЛЧЕН ЧОВЕК дека нема да биде веќе тренер на “светциите“ и побарал да му исплати годишната плата за ссезоната 2022/23 со оглед на тоа дека има договор до следниот јуни која изнесува 15 милиони евра.

И тука нема ништо спорно. ПСЖ го прифаќа неговото барање, но Аргентинецот се уште не сака да си оди, ги бара и тие дополнитен 2 милиони евра како бонус што му следуваат ако во случај ја освои титулата во Лига 1.

Замислете…страшно.

И јасно е дека во ПСЖ се запрепастени од тоа каков тренер, каков човек имале во клубот па нема шанси да му ги дадат тие 2 милиони евра, иако тоа е ситниш ако се знае кој е газда на клубот од Париз. Пребогатите шеици од Катар за кафе ги трошат тие 2 милиони евра, но принципот е битен.

А Покетино се брани со тоа дека ако тој биде тренер на ПСЖ без проблеми ќе ја освои титулата и затоа си ги бара тие бонуси.

Неверојатно…

Сето ова му прави проблеми на ПСЖ зошто не може да го официјализира новиот тренер Криштоф Галтие.

ПретходноЅвездата на ПСЖ ограбена во вилата на Роналдо…крадците си земале 3 милиони евра! (ФОТО)
СледноПрва победа на ракометарките во Алжир!