Големата ѕвезда на Бруклин Нетс, Кевин Дурент ќе остане во тимот барем во сезоната 22/23, тврди инсајдерот на ESPN, Адријан Војнаровски.
„Дурант сега го има она што го сакаше, а тоа е Кајри Ирвинг во Нетс за следната сезона. Очекувањата се Кевин Дурент и Кајри Ирвинг да останат со овој ростер на Бруклин и за претстојната сезона“, тврди Војнаровски.
Новинарот забележува дека Дурент му останал „верен“ на својот пријател Ирвинг во последните денови кога се одлучувало за неговата иднина. Кевин можеше да поднесе барање за трејд доколку Кајри го напушти тимот и покрај 4 години од неговиот актуелен договор.
Ирвинг во понеделникот побара и доби дозвола од раководството да преговара со други клубови за можен договор. За да добие долгорочен максимален договор, Кајри требаше да најде клуб кој ќе се согласи на договор со Нетс.