Четирикратниот француски шампион Лил го пронајде новиот тренер по заминувањето на Жозелин Гувернек и очајниот пласман на 10. место на табелата во Лига 1 минатата сезона. Поранешниот стратег на Рома Пауло Фонсека и Лил се договориле за двегодишна соработка, соопштува „Екип“.
Фонсека е без работа речиси една година. Последен клуб му беше Рома, а пред тоа три години беше тренер на Шахтјор Доњецк. Исто така беше тренер и на Брага, Пакос Фереира, Авес и на Порто.
Лил изненади во сезоната 2020/21 со тоа што успеа да ја освои шампионската титула пред моќниот ПСЖ кој заврши втор.