Каљари вчера имал преговори со агентот на Несторовски

327

Авторитетниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави дека екипата на Каљари го контактирала нашиот репрезентативец Илија Несторовски во обид да го засили својот напад за следната сезона.

Каљари продолжува да бара напаѓач на трансфер пазарот, а една од опциите е и се уште актуелниот напаѓач на Удинезе.

Според новинарот, вчера преставници на клубот од Сардинија имале контакти со агентите на 26-годишниот напаѓач на англиски Ридинг, Георге Пушкас, кој минатата сезона беше на позајмица во Пиза, како и со агентот на нашиот репрезентативец Илија Несторовски. Еден од овие двајца напаѓачи, смета Ди Марцио, ќе биде нов напаѓач на Каљарио, кој се подготвува да го продаде Паволети.

ПретходноЧави го прекинал одморот за да го убедува Дембеле да остане во Барселона
СледноПо 17 години се врати дома: Фернандињо повторно ќе игра за Атлетико Паранаенсе