Левандовски бара трансферот во Барселона да биде затворен оваа недела

165

Фудбалерот на Баерн (М), Роберт Левандовски побарал од својот менаџер Пини Захави во наредните денови да го заврши трансферот во Барселона, пренесува шпански „Ас“.

Полјакот има договор со Баерн до јуни следната година, а неколкупати јавно изјави дека неговата ера во клубот од Минхен е завршена. Тој треба да се појави на подготовките на германскиот клуб за новата сезона на 12 јули, но бидејќи не сака да прави нови компликации во односите со своите довчерашни соиграчи и тренери, побарал од агентот трансферот во Барселона да биде завршен оваа недела.

Захави веќе го контактирал претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за да го убеди да го забрза трансферот. Баерн за Левандовски бара 60 милиони евра, додека Барселона не сака да издвои повеќе од 40 милиони евра.

ПретходноФилип Ивановски е нов голман на Бутел Скопје
СледноЛазаров: Момците одиграа максимално! Против Алжир ќе биде тешко, но мора да веруваме во себе!