Како што јавува француски „Екип“ караницата меѓу тренерот Хорхе Сампаоли и стоперот Алваро Гонзалес скапо ќе ја плати Олимпик Марсеј. Клубот успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, но пред почетокот на новата сезона се најде во проблем поради караницата помеѓу Гонзалес и Сампаоли.
Шпанскиот дефанзивец во јавноста е познат по караницата со Нејмар, не е во првиот тим уште од март минатата година. Тој е револтиран што е не е во плановите на Сампаоли , всушност од доаѓањето на тренерот искусниот фудбалер не е во првиот тим. Подолго време одбива да тренира и бара да му се плати според договорот и потоа да си побара друг клуб.
Фудбалерот има договор на уште две години и бара да биде исплатен, и не само тоа. Се вкупно Марсеј мора да му плати 5 милиони евра затоа што претходно прифатил намалување на платата за да му помогне на клубот да го доведе Амин Харит, а сега ги сака и тие пари.