МИ 2022: Одбојкарите убедливо поразени и од Италија

110

Македонската машка одбојкарска репрезентација претрпе пораз и во вториот и последен настап на Медитеранските Игри во Оран. Утрово во рамките на вториот меч од групата „А“, нашите одбојкари беа убедливо поразени и на пресметката со силната Италија, која е прв фаворит за златото во Оран со 3:0 (25:19, 25:16, 25:23).

Во првите два сета нашите одбојкари немаа многу шанси за успех, откако „аѕурите“ успеаја лесно да ги освојат со 25:19 и 25:16. Малку поголема неизвесност и борба за секој поен имаше во третиот сет. Ние во добар дел од сетот бевме и во предност, но во клучните моменти Италијанците ја направија потребната разлика и го запечатија мечот со победа од 25:23.

ПретходноДурент ќе остане во Бруклин најмалку уште оваа сезона
СледноНиколов: Искуство секогаш е потребно, и за сега и за во иднина (ВИДЕО)