Македонија го освои првиот медал на Медитеранските Игри во Алжир. Во мечот за бронзен медал во категоријата до 65 килограми во бофрење слободен стил, нашиот репрезентативец Владимир Егоров на поени со 7:2 го совлада неприкосновениот африкански шампион Абделхак Хербаче и успеа да ја израдува македонската спортска јавност.
Егоров имаше предност од 1:0 по првиот период, по што на стартот на вториот период Алжирецот освои два поени за пресврт. Сепак, во завршницата на борбата Егоров ги покажа своите вистински квалитети и со убедлива завршница дојде до 6 последователни поени за конечна победа.