Младиот и перспективен играч на тимот на ТФТ, Страхил Николов сосема заслужено се најде на поширокиот список на репрезентативци за јулскиот ФИБА „прозорец“ на селекторот Драган Бајиќ. Прво на 1. Јули против Шпанија во Сарагоса, а три дена пооцна и против Украина во Скопје нашите кошаркари ќе се обидат во овие квалификации за стекнат капитал за добар финиш.
„Првпат сум повикан, оттука можам да кажам дека е чест и задоволство што сум дел од овој тим, и да ветам дека ќе се обидам да се покажам во најдобро светло, и да помогнам, колку што можам сите заедно, во овој циклус да дојдеме барем до една победа“. – вели младиот Николов.
Пред нас се два тешки дуели. Против огромниот фаворит Шпанија, како и против Украина на домашен терен, момент кој мора да се искористи.
„Би рекол дека поголеми се шансите да го направиме тоа во дуелот со Украина, затоа што сепак, Шпанија е нешто друго. Но како и да е, ќе се обидеме и со Шпанија да одиграме најдобро што можеме“ – потенцира Николов.
Овој јулски ФИБА „прозорец“ е добра шанса и за вас помладите, да дојдете до својата шанса за играње во сениорскиот национален тим?
„Секако, собираме искуство низ овие заеднички тренинзи со доста поискусни играчи од нас. Ова време сакаме да го искористиме да собереме повеќе искуство. Секако и да бидеме дел до оваа селекција и во некои наредни акции на репрезентативниот тим“– посакува еден од играчите кои за прв пат почувствуваа како е да се биде дел од најдобрата селекција.