Олимписката медалистка од Пекинг доби 11 годишна суспензија поради допинг

120

Нигериската атлетичарка Блесинг Окагбаре добри продолжение на  суспензијата за уште една година. Досегашната забрана за Окагбаре за враќање на атлетските натпревари беше 10 години, но истата е зголемена за уште една година, објави единицата за интегритет во глобалната атлетика.

33-годишната Окагбаре ја заобиколи допинг контролата минатиот јуни, непосредно пред олимписките квалификации во нејзината земја. Освојувачката на сребро во скок во далечина на Летните игри 2008 година во Пекинг и сребро во скок во далечина и бронза на 200 метри на Светското првенство во 2013 година во Москва беше фатена како користи забранет хормон за раст за време на Олимписките игри во Токио во јули минатата година и и беше забрането понатамошно учество.

ПретходноЛукас Леива се врати во матичниот клуб
СледноЧави го прекинал одморот за да го убедува Дембеле да остане во Барселона