Поздрав од Алжир: За кого – за Македонија!

2610

Дефинитивно убав ден во Алжир. Македонија ги освои првите медали на Медитеранските Игри, чиј домаќин е градот Оран, еден златен и еден брозен.

Златото го освои Могамедгаджи Нуров (борење-слободен стил). Тој со молскавичен напад на 10 секунди пред крајот на борбата, го победи најдобриот турски борач Фејзула Актурк со резултат 4:3.

Пред Нуров, Владимир Егоров (борење-слободен стил) го победи Абделхак Хербаче од Алжир со резултат 7:2 и го освои бронзениот медал на МИ ОРАН 2022.

За одбележување е ремито на машката ракометна репрезентација против Алжир (24-24). Младите ракометари покажаа карактер, го издржаа притисокот, имаа шанса за триумф, но во последната секунда Гедбан одбрани седмерец.

ПретходноТијаго Мота не e повеќе тренер на Специја
СледноМиовски и официјално во Абердин (ВИДЕО)