По 17 години се врати дома: Фернандињо повторно ќе игра за Атлетико Паранаенсе

146

По цели 17 години откако замина од дома, Фернандињо се врати во бразилски Атлетико Паранаенсе.

Играчот од средниот ред потпиша договор со својот матичен клуб до крајот на 2024 година и го зема дресот со број 5.

Летово 37-годишниот играч од средниот ред си замина од Манчестер Сити како слободен играч и реши да се врати во својата татковина, од каде замина уште во 2005 година при својот прв трансфер во украински Шахтјор Доњецк.

Фернандињо по 8 години минати во Украина во 2013 година направи трансфер во Манчестер Сити каде остана се до минатата сезона. За „граѓаните“ тој одигра 264 меча и по постигна 20 гола.

ПретходноКаљари вчера имал преговори со агентот на Несторовски
СледноТ. Пролет си го врати и Василевски