Дарио Десниќ од денеска и официјално е нов член на ФК Вардар. Раководството на второлигашот од Скопје попладнево го промовираше искусниот офанзивец кој досега настапуваше за тимот на Скопје. Тој потпиша едногодишен договор со вардарци и би требало да биде еден од клучните играчи на Вардар во следната сезона во која “црвено – црните“ во ВМФЛ ќе се обидат да бидат на првите две места како би се вратиле во елитата.
Инаку Дарио Десниќ има 28 години, може да игра на повеќе позиции во офанзивата, а пред да го носи дресот на “пиратите“ беше член на екипите на Тетекс, Кадино, Борец…