Стојменовски и Силјановски за посилна Брегалница

1665

Оливер Стојменовски и искусниот Горан Силјановски се нови фудбалери на екипата на Брегалница.

По турбулентниот период во кој не се знаеше дали Илчо Ѓорѓиоски и натаму ќе биде тренер на екипата, сега штипјани одново се вратија на трансфер пазарот и договорија две сериозни засилувања.

Оливер Стојменовски, екс македонскиот младински репрезентативец и играч на Работнички и Борец. Вториот е искусниот Горан Силјановски кој последно беше дел од тимот на Динамо од Тирана. Силјановски своевремено имаше неколку настапи и за репрезентацијата на Македонија.

Со ова Брегалница секако дека сериозно ја засилува дефанзивната линија, а ако се земе впредвид дека тимот има и нов интернационален голман, тоа значи дека штипјани наесен ќе изгледаат сосема поинаку одколку досега.

 

ПретходноФановите гневни: Ова се новите дресови на Њукасл…или на С. Арабија! (ФОТО)
СледноИга Швјонтек со најдобра победничка серија во 21. век