Тијаго Мота не e повеќе тренер на Специја

194

Италијанскиот прволигаш Специја го раскина договорот со Тијаго Мота и сега може да ангажира нов тренер за стартот на новата сезона во Серија А. Тијаго Мота минатото лето потпиша договор на три години, а откако обезбеди опстанок во Серија А со 10 победи, шест ремија и 22 порази од клубот одлучија да побараат нов тренер.
Па по неколку неделни преговори за начинот како ќе го издејствуваат раскинот на договорот, двете страни си подадоа рака и се разделија.
Специја веќе има пикирано нов тренер, тоа е Лука Готи кој доби отказ од Удинезе во декември 2021 година.

ПретходноМИ 2022: Нуров во последните 15 секунди донесе злато за Македонија! (ВИДЕО)
СледноПоздрав од Алжир: За кого – за Македонија!