Moнако го продаде италијанскиот напаѓач, но „изгуби“ многу пари

610

Италијнскиот напаѓач Пјетро Пелегри останува во Торино зато што „биковите“ го откупија неговиот договор од Монако за околу 5 милиони евра плус бонуси. Досега младиот фудбалер играше како позајмен во Торино, а сега останува во Торино со постојан договор. Оваа сума е и помала од претходно договорената (во јануари) од 6 милиони евра плус бонуси. Играчот потпиша договор до јуни 2026 година.

Инаку Монако го купи Пелегри од Џенова во јануари 2018 година за 21 милион евра, но серијата на повреди го забавија неговиот развој. Во 2021 година беше на позајмица во Милан, а во јануари 2022 на позајмица во Торино.

21-годишниот фудбалер, конечно, игра постојано во Торино поради што и тој самиот изрази желба да остане. Освен тоа повторно ќе соработува со тренерот Иван Јуриќ со кого работеше во Џенова кога играчот дебитираше во 2017 година.

ПретходноЕкс-стратегот на Рома на кормилото на Лил
Следно„Мораме да направиме продажба од 40 милиони евра за да купиме нови играчи“