Фановите гневни: Ова се новите дресови на Њукасл…или на С. Арабија! (ФОТО)

415

Кога Мохамед бин Салман, односно Инвестицискиот фонд на С. Арабија го купи Њукасл, фановите на овој култен англски клуб беа пресреќни. Се надеваа дека многу бргу ќе се најдат во врвот на Премиер – лигата, во врвот на фудбалска Европа.

Но тешко оди таа работа, разочарувањата се големи, клубот засега не успеа да ангажира ниту една мега – ѕвезда.

Сепак денеска разочарувањето е најголемо и тоа откако официјално беше промовирана третата гарнитура на дресовите на клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Ништо посебно, поточно разочарувачки, фановите се гневни…велат дека овој дрес во многу ги потсетува на опремата на селекцијата на С. Арабија.

ПретходноХоландски противник за ОК Струмица во Лигата на шампионите
СледноСтојменовски и Силјановски за посилна Брегалница