Холандски противник за ОК Струмица во Лигата на шампионите

156

Во седиштето на ЦЕВ денеска се одржа ждрепка за 1. коло во одбојкарската Лига на шампионите. Македонија како прв претставник во ова натпреварување ја има екипата на ОК Струмица, како шампион на државата, а за противник го доби тимот на Динамо Апелдорн кој е шампион во последните две сезони во Холандија.
Доколку нашиот првак го мине Динамо во следната рунда ќе се соочи со португалскиот шампион Бенфика, во спротивно ако исходот е негативен по првиот двомеч тимот се сели во Купот на ЦЕВ каде ќе игра двомеч со екипата на Мурса Осијек од Хрватска.
Првиот историски меч од одбојкарската ЛШ ќе се игра во “Сала Парк” во Струмица од 20 до 22.09.2022 додека реваншот е за седум дена во Холандија.

ПретходноПрва победа на ракометарките во Алжир!
СледноФановите гневни: Ова се новите дресови на Њукасл…или на С. Арабија! (ФОТО)