Шампионот во Серија А добил помалку пари од ТВ права од последниот во Премиер лигата

282

Шампионот од минатата сезона во Серија А, Милан, зема помалку пари од телевизиските права од последниот во Премиер лигата, Норвич. Ова покажува шокантна споредба што ја направи Газета дело спорт денеска во опширниот текст кој го објави на оваа тема. „Росонерите“ добија 77,8 милиони евра, додека сега веќе тимот од Чемпионшип дивизијата се во „плус“ 105 милиона.

Ова објаснува и како толку лесно Њукасл го победи Милан во битката за Свен Ботман. Италијанците не можеа да си дозволат да платат повеќе од 30 милиони евра за Холанѓанецот, додека „Страчките“ лесно извлекоа речиси двојно повеќе.

Најмногу пари од ТВ правата во Серија А минатата сезона доби Интер со 84,2 милиони евра, следен од Јувентус со 77,9 милиони евра, а Милан е само трет на оваа ранг-листа со 77,8 милиони евра.Наполи со 68,5 милиони евра и Рома со 64,1 милиони евра. На сметката се пресметуваат и парите од продажбата на билети, како и од настапот на тимовите на различните натпреварувања како Лигата на Шампионите, или пак Лигата на Европа.

Сето ова уште еднаш покажува колку е голема разликата во моментов помеѓу Серија А и Премиер лигата. Англиските клубови добиваат далеку посериозни суми и тоа им овозможува да бидат многу посилни на трансфер пазарот. Ова во голема мера ги потврдува зборовите на претседателот на Милан, кој неодамна изјави дека Серија А станала Серија Б во споредба со другите големи лиги.

ПретходноМИ 2022: И трет убедлив пораз на одбојкарките!
СледноШаќири: Шкендија за двомечот со Арарат ќе биде максимално спремна!