Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласира во 2.коло на Вимблдон по победата над Јана Фет со 6-0 и 6-3 и со тоа испиша нова историја во тенисот. Таа ја оствари својата 36. победа по ред и официјално ја има најдолгата победничка низа во 21. век.
Таа ги помина сестрите Вилијамс кои имаа 35 (Венус) и 34 (Серена) победи по ред.
Во наредното коло на Вимблдон Швјонтек ќе се сретне со Лензи Патинама Керкове од Холандија и има шанса да ја подобри оваа низа.
It’s official: Iga Swiatek has the longest win streak of the century. pic.twitter.com/Odnu2Y8pia
— US Open Tennis (@usopen) June 28, 2022