Поранешниот тренер на Барселона и наскоро нов селектор на Холандија, Роналд Куман, во интервју за радио Каталуња зборуваше за неговиот последен тренерски ангажман.
Играчката легенда на Барселона нема по добро да го памети својот мандат на клупата на Барселона. Холанѓанецот во 67 натпревари забележа 39 победи, 12 нерешени и дури 16 порази, а за време на неговиот престој, Барселона ги претрпе едни од најтешките порази во европските натпреварувања.
Сепак, Куман не се смета за главен виновник за ваквиот развој на настаните во каталонскиот гигант.
„Всушност ми беше олеснување кога добив отказ. Па, ми го зедоа Меси, тоа беше многу тежок удар. Покрај тоа, претседателот Лапорта направи грешка. Можеби се сомневате во вашиот тренер, но не кажувајте го тоа јавно. Имав навистина тежок период. Кога дојдов, воопшто немаше претседател, а потоа дојде Лапорта кој се сомневаше во мене. Секогаш сум бил за доминантен фудбал. Ако играте со тројца стопери и пет во одбрана, не можете да кажете дека тоа е дефанзивен фудбал. Па, ги одигравме најдобрите средби во тој систем во последните неколку години. Најдобар пример е финалето на Купот против Атлетик Билбао. Барселона живее во минатото со систем 4-3-3 и со тој „тика-така“ фудбал. Денеска дудбалот стана побрз, физички потежок. Не можете да живеете во минатото“, порача Куман.