Досегашниот голман на тимот на Еурофарм Пелистер, ФИлип Ивановски е нов чувар на мрежата на тимот на Бутел Скопје. Тој потпиша договор на една сезона со со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.
„Раководоството и стручниот штаб имаат сериозен и професионален пристап кој дава големи резултати, па Бутел секоја година се повеќе расте и се развива и станува клучен фактор во македонскиот ракомет. Со доаѓањето и играњето во овој клуб очекувам да ги покажам и надградам своите квалитети и заедно како колектив да напредуваме уште повеќе. Што се однесува до македонското првенство очекувам борба за врвот, а со тоа повторно излез на европска сцена, додека што се однесува до европските натпревари со добра ждрепка и малку среќа мислам дека можеме и до групна фаза, – вели Ивановски.