Беше вишок во Барселона, а сега тоа е и во Атлетико. Имено Антоан Гризман се чини дека нема иднина на “Ванда Метрополитано“. Имено “јорганџиите“ по секоја цена мора гао „откачат“ и тоа поради финансиски причини. Имено клубот е во загуба, па поради финансискиот фер – плеј тие не можат да регистраат бови играчи, како Аксел Витсел кој дојде од Борусија Дортмунд.
Со заминувањето на Гризман ќе се ослободи и притисокот околу платите, посебно ако се знае дека тој зема 30 милиони евра годишно што го прави еден од најплатените играчи во светот.
Неофицијално, според шпекулациите на шпанските медиуми, Атлетико Мадрид би го продал напаѓачот за сума од околу 40 милиони евра.