Македонската машка кадетска одбојкарска репрезентација со пораз ги почна настапоте на Балканското пренство во Нови Сад, Србија. На стартот од натпреварувањето, нашите кадети беа поразени од селекцијата на Молдавија со 3:1.
Главна карактеристика на нашата игра беше непостојаниот прием поради што немавме можност да организираме чисти акции. Македонија утре ќе игра со Бугарија, која е прв фаворит во групата, откако вчера убедливо ја совлада Молдавија.
Молдавија – Македонија 3:1 (23:25, 25:21, 25:17, 25:18)
Судии: Јан Оценас (СРБ), Ионут Буциу (РОУ)
Македонија: Арапов, Димоски, Тодоровски, Пуздерлиски, Милев, Мицев, Маглешев, Станков, Николов, Грковски, Ристовски, Ефремов, Коцев, Смилков.